ДИК почнува со кампања за референдумот : ,,Твој став-твое право”

Макфакс

14/09/2018

13:34

965

Големина на фонт

а а а

,,Твој став – твое право” е слоганот под кој од утре Државната изборна комисија ќе почне со кампања за информирање на граѓаните за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември.

Од Комисијата појаснуваат дека ќе емитуваат три видео записи – едниот дел ќе биде од информативен карактер, а другиот дел ќе се однесува на едукација на гласачите за нивното гласачко право.

Претседателот на комисијата Оливер Деркоски посочи дека со оваа кампања се обиделе на најдобар можен начин да бидат неутрални и да не заземаат страна во однос на претстојниот референдум.

На денешната седница ДИК усвои и упатство за начинот на гласање на гласачките места на кои има запишано помалку од 10 избирачи. Станува збор за 81 гласачко место. Гласачите од овие избирачки места ќе гласаат во најблиските пунктови кои не се подалеку од три километри.

Од ДИК информираат дека гласачките ливчиња ќе се печатат од страна на печатницата ,,Киро дандаро” од Битола за што се предвидени 13 милиони денари. Деркоски посочи дека се работи за голема заштеда и дека сумата е намалена значително во споредба со претходните изборни циклуси. Тој како пример ги посочи изборите во 2017 година кога биле издвоени 28 милиони денари и 2016 година кога биле издвоени 48 милиони денари за печатење на гласачките ливчиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг