Ахмети-Бушати: Единствената алтернатива за регионот на Југоисточна Европа е целосна интеграција во НАТО и ЕУ

Макфакс

13/09/2018

20:12

871

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Демократската uнија за iнтеграција, Али Ахмети, во Скопје го пречека министерот за nадворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати.

На средбата разговарале за референдумот на 30 септември, билатералните односи, како и за општата политичка состојба во регионот.

Лидерот Ахмети истакна дека кампањата за референдумот се одвива одлично, дека присуството на граѓаните е задоволително и дека на 30 септември очекува апсолутно позитивен резултат.

Претседателот Ахмети ѝ се заблагодари на официјална Албанија за големата поддршка што ѝ ја дава на евро-атланската интеграција на Македонија.

Ахмети и Бушати рекоа дека единствената алтернатива за регионот на Југоисточна Европа е целосна интеграција во НАТО и Европската Унија.

На средбата се дискутираше и за ситуацијата во регионот, јазичната еднаквост, како и за дијалогот помеѓу Приштина и Београд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг