Иванов до Могерини: Стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси

Точка

13/09/2018

19:01

1.232

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја прими Федерика Могерини, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија.

На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија и за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочува регионот.

Претседателот Иванов истакна дека и понатаму ќе ги поддржува европските и евро-атланските интеграции на Република Македонија кои се од огромно значење за просперитетот на државата, но истовремено порача дека стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ.

„Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“, порача претседателот Иванов на средбата со Могерини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг