Михаел Рот утре во работна посета на Македонија

Макфакс

13/09/2018

18:18

1.037

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре во Охрид ќе го пречека државниот министер за Европа на германското министерство за надворешни работи, Михаел Рот, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

За време на посетата, двајцата министри ќе учествуваат на интерактивна дебата на тема “Македонија на патот кон ЕУ“, со фокус на придобивките од ЕУ членството во унапредувањето на заштитата на животната средина, промоцијата на политики на одржлив развој и поттикнување на граѓанскиот еко-активизам.

Дебатата е организирана од Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Сојузна Република Германија, во соработка со Општина Охрид и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. На настанот куси обраќања ќе имаат и градоначалникот Јован Стојановски и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули.

За време на неговиот престој во Охрид, министерот Рот ќе ги разгледа поважните знаменитости на градот, а ќе го посети и Националниот парк Галичица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг