Џафери-Бушати: Македонија и Албанија заеднички да си помагаат

Макфакс

13/09/2018

14:53

813

Големина на фонт

а а а

Македонија и Албанија треба заеднички да си помагаат, ако се има предвид дека целта на целиот регион е да стане дел од големото европско семејство. Ваков бил заклочокот од средбата што денеска ја остварија претседателот на Собранието, Талат Џафери и Дитмир Бушати, министер за Европа и надворешни работи на Албанија.

На самиот почеток, претседателот Џафери истакнал дека ваквите средби на високо ниво се од особено значење за развојот на односите меѓу двете пријателски и соседни земји и дека Република Македонија високо ја цени поддршката што Република Албанија ја дава во насока на интегрирањето на нашата земја во евроатлантските структури.

Како што соопшти собраниската прес-служба, двајцата соговорници заеднички констатирале дека двата Парламента треба да ја зајакнат соработката на ниво на Групите за соработка, Комисиите и собраниските служби, а посебен акцент бил ставен и на меѓувладината соработка.

Министерот Бушати изразил верба во успешна реализација на претстојниот референдум во Македонија со кој, како што рекол, ќе се заокружи уште една фаза во надминување на последната пречка за полноправно членство во НАТО.

На средбата биле споменати многу области во кои двете соседни земји споделуваат заеднички интереси од големо значење, како што се проектите коишто се во завршна фаза, односно изградбата на патот Ќафасан – Елбасан, како дел од Коридорот 8, Автопатот Елбасан – Дебар и железничкото поврзување меѓу двете земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг