Бачев на средби со граѓаните: На 30 септември со бојкот да ја спречиме марионетската власт да избрише сѐ што е македонско

Макфакс

13/09/2018

11:50

1.810

Големина на фонт

а а а

Караванот на Кризниот штаб против референдумот вчера имаше средби со граѓаните во општинте Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Притоа, претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој е дел од Кризниот штаб против референдумот, составен од повеќе од 70 организации, ги повика граѓаните на бојкот и да не се плашат од притисоците и заканите што секојдневно на терен ги добиваат од власта оти, како што рече, после 30 септември марионетската власт ќе падне и ќе нема време да ги оствари заканите.

Како што се наведува во соопштението на Кризниот штаб, општ впечаток од средбите бил дека Македонија мора да се одбрани од пучистичката власт купена и контролирана од странски центар и дека граѓаните масовно ќе бојкотираат и нема да излезат на референдумот.

„Власта го губи компасот и веќе почна дури и со ноторни лаги кои ја навредува интелегенцијата на народот дека Македонците ќе имале бесплатно здравство и образование во сите земји-членки на ЕУ иако на секој му е јасна оваа безобразна лага. Сите заедно, старо и младо, машко и женско да не излегуваме на гласање на 30 септември и да ја спречиме марионетската власт да избрише се што е македонско“, рекол Бачев на средбите со граѓаните и додал дека Караванот на Кризниот штаб се бори за опстанок на цел еден народ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг