СДСМ: Граѓаните не сакаат ниту да разговараат со Мицкоски зошто тој е против нивната иднина

Макфакс

13/09/2018

11:24

335

Големина на фонт

а а а

Половина од граѓаните на кои им пристапил, одбиле воопшто и да разговараат со Христијан Мицкоски и неговите претставници, затоа што Мицкоски ја загрозува иднината на државата, велат од владејачката СДСМ во врска со претстојниот референдум за договорот со Грција.

Оттаму велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се преиспита и да не помислува да ја ризикува иднината на Македонија, односно иднината на граѓаните бидејќи тие се цврсто определени за напредок, развој и интеграција.

„Да размисли Мицкоски, да се охрабри и да одговори, пред себе, пред својата партија и пред целата јавност, дали ќе гласа на престојниот референдум ‘за’ македонска иднина во ЕУ и НАТО“, порачуваат од СДСМ во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг