Косовската опозиција со писмо до Могерини: Не поддржуваме корекција на границите

Макфакс

13/09/2018

10:47

1.250

Големина на фонт

а а а

Опозициските партии во косовското собрание упатија до високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини писмо во кое се противат на корекцијата на границите.

Во писмото што го испратија Демократскиот сојуз на Косово, движењето Самоопределување, Социјалдемократската партија и Алтернатива, се бара финалниот дел од дијалогот со Србија да се заснова на јасни принципи и јасна рамка.

„Одговорност на косовското собрание е да усвои платформа за дијалог со двотретинско мнозинство, за да се обезбеди легитимитет на процесот. Секој друг начин е предодреден на неуспех“, се наведува во писмото упатено до Могерини.

Понатаму се оценува дека целосна нормализација на односите со Белград може да се постигне само со меѓусебно признавање.

„Конечниот договор со Србија треба да му овозможи на Косово итно вклучување во меѓународните организации, пред се Обединетите Нации, како и да го отвори патот за вклучување на земјата во ЕУ и НАТО“, се наведува во писмото.

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово, Авдулах Хоти напиша на својот профил на „Фејсбук“ дека во писмото е изразено незадоволство на опозицијата која, како што вели, го претставува противењето на 60 отсто од граѓаните на Косово за размена на територии или корекција на границите.

„Оваа идеја нема да добие поддршка и секој договор од кој произлегува од вакви идеи нема да биде поддржан“, наведе Хоти на „Фејсбук“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг