Христијан Мицкоски призна дека половина од граѓаните на кои им пристапиле, одбиле воопшто и да разговараат со неговите претставници.Мицкоски да се преиспита зошто граѓаните одбиваат да разговараат со него, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, тој не треба ни да помисли да ја ризикува иднината на Македонија. Мицкоски треба веднаш да одговори, пред себе, пред својата партија и пред целата јавност, дали ќе гласа и дали ќе поддржи македонска иднина во ЕУ и НАТО.
,,Време е Мицкоски, македонската иднина тропа на твојата капија, приклучи се кон европското семејство”, порача СДСМ.