Модриќ најдиректен после мечот: Не ми се верува што ни се случи!!!

Дерби

12/09/2018

17:19

1.369

Големина на фонт

а а а

Избраниците на хрватскиот селектор Златко Далиќ доживеаја тежок пораз на гостувањето кај Шпанија во рамките на Лигата на нации, а најдобриот фудбалер на Мундијалот во Русија, Лука Модриќ, не го криеше разочарувањето од ваквиот исход во Елче.

Тој во изјава за медиумите потенцираше дека овој пораз значи срам за Хрватска и распродавање на угледот.

– Штотуку заврши Мундијалот во Русија и верувајте ми, дека никој не би очекувал ваков пораз. Не ми се верува што се случи. Добро го започнавме мечот со одлични шанси, меѓутоа целата приказна се распадна откако го примивме првиот гол. Не знам што да кажам, ама не смееме вака да си го распродаваме образот. Ова нека е лекција за понатаму. Никој веќе не влегува во пресметка со нас дека ова се финалистите на СП, – изјави Модриќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг