Москва пратила последно предупредување до светот: Почнало снимањето на изрежираниот хемиски напад во Сирија, објавување вечер

Точка

11/09/2018

18:10

4.004

Големина на фонт

а а а

Снимањето на изрежираниот хемиски напад кој наводно го извела сириската војска против цивилите - веќе е во тек во Идлиб, со помош на терористите, соопштил денес за новинарите Рускиот центар на Министерството за одбрана за помирување на спротивставените страни во Сирија.

На основа на податоците добиени од граѓани во областа Идлиб, моментално се снима изрежирана провокација од наводен хемиски напад кој го извела сирсиката војска против цивилите во Џиср аш Шугур, навел Центарот. 

Во соопштението се додава дека утрово во Џиср аш Шугур пристигнале неколку блискоисточни ТВ канали, како и водечкиот регионален американски ТВ канал, за снимање на изрежираната снимка.

Сценариото од изрежираната снимка се состои од пружање на помош на граѓани на Џиср аш Шугур и активисти на Белите шлемови, по наводната употреба на таканаречени барел бомби со токсични супстанци.

Екстремистите утрово испорачале два примерока со отровната супстанца, вклучувајќи хлор, за да направат снимањето да изгледа природно, соопштил Центарот.

Руската војска наведува дека сите тие видео материја вечер ќе бидат пратени во уредничките канцеларии на ТВ каналите по поставувањето на социјалните мрежи.

Руското министерство за одбрана во август предупредило дека екстремистите, заедно со британските разузнавачки служби, подготвуваат изрежиран напад со хемиско оружје во областа Идлиб, за да ја обвинат сириската влада, што било изговор за напад на владини објекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг