ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја брише историјата за да го прикрие општиот грабеж

Макфакс

11/09/2018

15:34

1.525

Големина на фонт

а а а

Заев лаже кога вели дека остануваме Македонци и дека државата останува Македонија, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него, премиерот Зоран Заев ја брише македонската историја, традиција и култура, за да го прикрие, како што рече, општиот грабеж кој го спроведуваат тој и неговиот криминален клан. 

„Тоа не се европски вредности и залудно Заев го лаже народот дека ако прифати да си го смени идентитетот, тој и картелот на власт немало да крадат. Тажно е кога Зоран Заев вели дека ни требало некаков „камшикар“ од надвор што би ги потсредил сите од него па надолу, за да има некаков европски ред и поредок“, рече Стоилковски. 

Додаде дека договорот не е праведен и не е базиран на реципроцитет, туку се работи за спогодба со која што се прифаќаат грчките црвени линии во целост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг