Изјавата на Рамос е уште еден доказ дека неговото пријателство со Роналдо е завршено

Точка

10/09/2018

16:01

1.448

Големина на фонт

а а а

ФИФА наскоро ќе го избере најдобриот играч на светот на годината, а во најтесниот круг во трката за престижното признание се Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

Откако Роналдо го напушти Реал Мадрид, стана јасно дека тој и Рамос не биле во добри односи, посебно откако стоперот на Реал порача дека сега во „Кралскиот клуб“ повеќе фудбалери ќе ги изведуваат пеналите, затоа што не се егоисти.

Покрај тоа, Рамос сега изјави дека би бил среќен кога Лука Модриќ би ја освоил наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на годината.

„Јасно им е на сите дека Лука Модриќ е голем шампион. Доколку биде прогласен за најдобар играч на светот, тогаш можам да кажам дека е еден од ретките поради кои сум бил среќен за тоа, односно дека би било исто како и јас да сум ја освоил наградата. Понекогаш, овие награди им ги даваат на други играчи само поради тоа што имаат силен маркетинг“, изјави Серхио Рамос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг