Ботас: Возење без победа е разочарувачки и возбудливо

КРУГ.МК

10/09/2018

15:02

1.132

Големина на фонт

а а а

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, се уште нема победено оваа сезона и заостанува 97 поени зад неговиот тимски колега Луис Хамилтон, но отворено изјавува дека ќе му помогне на британецот да дојде до титулата. Финецот оваа сезона загуби сигурна победа во Азербејџан откако му се дупна гума во последните кругови на трката.

„За мене е подеднакво разочарувачки и возбудливо што немам победено на трка оваа сезона. Дојдов блиску толку многу пати посебно во првата третина на сезоната. Навистина сакам да победувам и затоа сум тука.

Но мислам дека единствениот начин е да се обезбеди Луис на следните неколку трки за да дојде до титулата. Ако имаме добро темпо, добри квалификации и сме силни на трка тогаш сигурно ќе победиме. Но тоа секако ќе биде поедноставно доколку Луис ја обезбеди титулата. Не мислам многу на тоа. Доколку се изработи добро ќе ги добиеме резултатите“, смета Валтери.

За Ботас, Сингапур е добра шанска како и сите со оглед на непредвидливоста на трката.

„Никогаш не знаете, видете што се случи минатата година. Тоа е тркање, одиме со мисла да видиме што ќе се случи. Се надевам ќе бидеме конкурентни како минатата година споредено со другите тимови. Тоа е тешко во моментов. Ферари се брзи секаде. Ред Бул ќе бидат брзи во Сингапур. Ние не знаеме какви ќе бидеме но сакаме повеќе поени од Ферари“.

Ботас верува дека Ферари и Мерцедес се многу блиску и трошењето на гумите е клучот на успехот.

„Мислам дека ни треба малку повеќе моќ, повеќе брзина на правци а разликата во свиоците е минимална. Зависи од свиоците и кои гуми ќе работат подобро. На Спа имавме брзо трошење, што не беше случај за Ферари. Бевме блиску и ќе биде интересно во Сингапур со подобрувањата што ги направија и дали надградбите што ги носиме ќе работат. Може мало подобрување да носи многу“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг