Цаноски: Тони Трајковски ми рече да ги тргнам телефоните и дека има наредба од горе

Макфакс

10/09/2018

11:34

5.770

Големина на фонт

а а а

Во кривичниот суд во Скопје, продолжи доказната постапка во предметот на специјалното јавно обвинителство, „ТНТ“. На денешното судење присутните во судницата ја гледаат видеоснимката од надзорната собраниска комисија при Комисијата за транспорт, врски и екологија од октомври 2011 година.

На снимката се гледа дека на почетокот на седницата, пратеникот, Јани Макрадули, се јавува процедурално и вели оти реагира на забраната која ја издал Жарко Денковски, генералниот секретар на Собранието, да се прави директен ТВ пренос од надзорната собраниска расправа за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“.

Фијат Цаноски, како присутен на седницата, го прашува обвинетиот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, дали е точно дека на средба со него му рекол дека се’ е легално.

На следната средба Трајковски му побарал на Цаноски да ги исклучи телефоните и му рекол дека за уривањето има наредба: „Ми рече да ги тргнам телефоните и дека има наредба од горе“, рече Цаноски во судот.

Предметот „ТНТ“ е за уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“. Меѓу обвинетите се и поранешниот премиер, Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општината Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот на Фијат Цаноски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг