Заев: Референдумот ќе успее, цензусот ќе биде надминат

Макфакс

06/09/2018

16:22

1.150

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на заедничката прес-конференција со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека Столтенберг лично ја потпишал поканата за членство на 12 јули. Тој нагласи дека тоа ја афирмира грижата за безбедноста и стабилноста на земјата.

„Владата презема низа активности за влез во НАТО. Формиравме комитет со кој ќе претседавам јас. Спремаме план за имплементација на реформи во согласност со НАТО, посебен акцент на владеење на правото, борба со корупција, безбеднсоните служби.

Премиерот Заев рече дека претстојниот референдум ќе биде важен предизивик за земјата и дека е сигурен оти ќе успее.

„Се сметам за најголем оптимист, како наближува историскиот ден 30 септември се повеќе имам причини да не размислувам што ако. Убеден сум дека цензусот ќе биде видливо надминат и веке немам дилема“ порача Заев.

Тој истакна дека се наоѓаме на историски крстопат за иднината и ја повика опозицијата да покаже единство и да се вклучи во процесите.

„ЕУ и НАТО се приоритети. Кампањата е базирана на транспаренрност и објективно да ги информираме граѓаните за придобивките од членството. Успешен референдум за да продолжиме со уставните измени и протоколот за НАТО да го потпишеме на почетокот на 2019 година. Анкетите охрабруваат, граѓните сакаат во НАТО и ЕУ, 75 проценти го поддржуваат референдумот“ додаде Заев.

На прашањето дали смета дека Русија се обидува да го спречи членството на Македонија во НАТО, Заев рече дека главна цел е да се гради пријателство со сите, вклучително и со Русија.

„Знаете дека од 93-та година имаме едногласна одлука за членство во ЕУ и НАТО, тоа беше потврдено пред 2 месеци со декларација од Собранието. За мојата земја нема друга алтернатива освен влез во ЕУ и НАТО. Наша цел е да градиме пријателство со сите вклучително и со Русија. Во изминатите 20 години имавме големи очекувања во овие интегративни процеси се надевам дека ќе бидеме членки на НАТО и ЕУ“ одговори Заев.

Тој и лично му се заблагодари на Столтенберг за поддршката и рече дека со нетрпение очекува да биде Македонија раноправна членка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг