Меркел: Ние правиме сè за да се постигне договор за Брегзит, но успешен исход не е загарантиран

Макфакс

05/09/2018

11:32

828

Големина на фонт

а а а

Германија прави сè за да обезбеди Европската Унија и Обединетото Кралство да постигнат договор за разијдување, рече германската канцеларка Ангела Меркел, предупредувајќи во исто време дека успешниот исход не е загарантиран.

Во обраќањето на финансиската конференција во вторникот во Франкфурт, Меркел рече дека сеопфатен трговски договор меѓу двете страни би можел да ја формира основата за нивните идни односи и дека оваа есен мора да се договорат јасни услови за разијдување, објави Ројтерс.

Таа нагласи дека „излегувањето значи излегување”, што исто така значи и напуштање на полициската агенција на ЕУ, Еуропол.

Велика Британија, рече германската канцеларка, не може да очекува дека по напуштањето на Унијата, ќе ги има истите права како и останатите 27 земји членки на блокот.

Сепак, Меркел изрази очекување дека ЕУ ќе продолжи да има блиски врски со Велика Британија, бидејќи двете страни се соочуваат со слични безбедносни предизвици во време кога САД го преместуваат својот фокус од Европа и од Блискиот Исток на регионот на Пацификот.