Здравко Чолиќ со голем концерт во Скопје

Макфакс

29/08/2018

17:48

1.712

Големина на фонт

а а а

Најголемата музичка ѕвезда на овие простори, легендарниот Здравко Чолиќ, оваа есен ќе одржи голем концерт во Скопје.

Организаторите „Прагма продукција“ најавуваат дека 10 ноември е датумот резервиран за незаборавна дружба со миленикот на сите генерации. Локација е вип-арената „Борис Трајковски“.

По четири години од последниот концерт во Скопје, публиката во ноември ќе може да ужива во неповторливата ноќ исполнета со безвременските песни и дружење со Чола. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 1 септември и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон” и „Цвеќарница Розе” – Веро 2.



Спонзорирани линкови

Маркетинг