Тоби има само 12 години, а веќе го распамети светот: На снимката која има 250 милиони прегледи, покажа како се свири блуз

Точка

29/08/2018

17:32

2.576

Големина на фонт

а а а

12-годишниот Тоби Ли е вистински пример за тоа како ќе звучи блузот во иднина. Тој настапил во Фредериксунд, Данска, во источниот дел на таа држава, со прочуениот блуз гитарист, Рон Бејкер Брукс и буквално растурил.

Неговото држење, движења и најважно, звукот кој излегувал од неговата гитара, многумина оставиле со отворена уста, кога настапил на Рајскиот блуз фестивал (blueshaven.dk).

Во јануари, Тоби станал првиот најмлад уметник кој ја претставувал Велика Британија на "International Blues Challenge", во Мемфис.

Тој бил финалист за британските награди во Велика Британија, во категорија "Најмлад блуз свирач на годината".

Тоби е горд што е официјален уметник за: Gibson Brands, Oxygen Amps, Ernie Ball, Roland, Hamstead Soundworks и Boss.

Сѐ уште објавува неделен "Blues Jam" на својата Фејсбук страница, секоја недела во 20ч. Неговата страница моментално има преку 140.000 фанови и има повеќе од 250 милиони прегледи на социјалните мрежи.

Тоби посетува училиште во Лондон.

Слушнете што прави ова мало дете:



Спонзорирани линкови

Маркетинг