Кризниот штаб против референдумот обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, манифестира селективна сенилност со изјавите дека неговата партија ќе води кампања со сопствени партиски средства и не сака буџетски пари за референдумот.
„За кои сопствени партиски средства зборува марионетата Мицковски? Го потстетуваме Мицкоски дека само пред еден месец лично постави услов дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за изборот на ДИК а за возврат да се зголеми годишното финансирање на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од буџетот за 2,5 пати. Во бројки тоа значи дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ годишно добиваат од буџетот по 2,2 милиони евра или во еден изборен циклус од 4 години ќе добиваат 8,8 милиони евра од буџетот. Значи, Мицкоски најбезобразно лаже дека ВМРО-ДПМНЕ нема да користи буџетски пари за кампањата за референдумот кога веќе заедно со СДСМ ја добија од буџетот сумата од 2,2 милиони евра за 2018 година за редовно годишно финансирање на партиите од буџетот“, велат од таму.
Наместо да глуми лажен хуманизам, велат од Кризниот штаб против референдумот, Мицкоски да повика на бојкот на референдумот и на тој начин да биде на страната на македонскиот народ.