Уапсен маж осомничен дека подметнал девет пожари на грчкиот остров Евија

Макфакс

26/08/2018

17:19

1.918

Големина на фонт

а а а

Грчките власти соопштија дека е уапсен 32-годишен маж осомничен дека подметнал девет пожари на островот Евија, објави „АНА“.

Тој е обвинет по неколку точки за намерно подметнување пожари, а на основа на истрагата на грчката полиција и противпожарната бригада.

Идентитетот на човекот засега не е познат, а тој денеска ќе се појави пред јавниот обвинител. Пожарите на Евија избија на 12 август и во рок од 24 часа во целост беа локализирани.

Поради пожарите беше прогласена вонредна состојба, а жителите на две села и манистири беа евакуирани и немаше жртви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг