Еве зошто Ештон Кучер и Мила Кунис се пар од соништата!

Точка

24/08/2018

18:13

5.604

Големина на фонт

а а а

Мила Кунис и Ештон Кучер се во брак веќе три години, но во јавноста навистина ретко се појавуваат заедно.

Затоа, вистинско изненадување било нивното појавување на хуманитарниот настан "PingPong4Purpose", кој се одржал синоќа во Лос Анџелес, а освен што ги воодушевија фановите со своето појавување, во усогласените лежерни аутфити потврдиле дека се еден од најубавите холивудски парови.


35-годишната Мила, носела бела маица со слика од Џими Хендрикс, црна бомбер јакна со извезени цвеќиња и винтиџ фармерки со широки ногавици и висок струк, а на нозете имала бели патики. Косата спонтано ја ставила на едната страна, а очите ги нагласила со црн туш за очи.


40-годишниот Ештон исто така искомбинирал обична маица и фармерки со бомбер и патики, а носел и бејзбол капа.

На настанот заиграле и пинг-понг, па затоа, судејќи според изразите на нивните лица, одлично се забавувале и покажале дека се заљубени како првиот ден.


Потсетуваме, Мила и Ештон се венчаа во 2015-та година и денес се родители на две деца, 3-годишната Вајат Изабела Кучер и 1-годишниот Димитри Портвуд Качер. Но, нивното пријателство започнало уште во 1998-ма година, кога се запознале на сет на култната серија "Луди седумдесетти", во која глумеле заљубен пар.