Лидерот на ДМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера го допре дното со изјавата дека приврзаниците за бојкот на референдумот на 30 септември се фекалии, велат од Кризниот штаб против референдумот.
„Земајќи предвид дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот, произлегува дека Мицковски го смета за фекалии сопствениот македонски народ. Познати ни се причините за ваквите неконтролирани испади на Мицкоски во последно време, меѓутоа Кризниот штаб против референдумот во кој членуваат 28 патриотски организации за одбрана на националните интереси, во овој судбоносен момент за Татковината нема да навлегува во провоцирачки расправии со лидерот на ДПМНЕ, Мицковски, кој ја нема подршката од огромното членство на ВМРО“, се вели во соопштението на Кризниот штаб.
Кризниот штаб против референдумот го повикува и Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да бидат, како што велат, на страната на македонскиот народ.