Судир на два воза во БиХ – две лица загинаа

Макфакс

23/08/2018

09:31

1.459

Големина на фонт

а а а

Две лица загинаа, а еден е потешко повреден при судир на два воза во Долна Јабланица во Босна и Херцеговина.

Несреќата се случила по полноќ во близина на железничката станица, откако едната локомотива поминала на црвено и се случил фронтален судир на двете локомотови.

Еден од вработените во железницата успеал навреме да скокне од возот, а другиот го извлекле пожарникарите, кои што морале да исечат дел од локомотивата.

Еден од повредените кој е извлечен од возот давал знаци на живот и е префрлен веднаш во болница. Во текот на ноќта бил извршен увид на местото на несреќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг