Турската лира продолжува да паѓа: Американците најавуваат и економски санкции

Точка

18/08/2018

16:40

3.211

Големина на фонт

а а а

Американските власти порачаа дека нема да се откажат од затворениот пастор и овие денови се почесто се споменуваат и економските санкции против Турција.

Турската валута продолжува да паѓа – само во текот на вчерашниот ден турската лира падна за 3%, непосредно откако турскиот суд го отфрли апелот на Вашингтон за пуштање на слобода на американскиот затвор.

Истовремено, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави едноставно нема да толерираат една ваква ситуација, што значи дека Турција можно е наскоро да се најде под нов американски притисок.

Овие денови, се почесто се споменуваат и економски санкции, доколку евангелистичкиот пастор Ендру Брунсон не биде ослободен. Секако, тој е само завршниот аргумент во ескалацијата на односите помеѓу Вашингтон и Анкара која што трае веќе подолго време.


Турските власти на чело со претседателот Реџеп Таип Ердоган веруваат дека можат да ја стабилизираат оваа ситуација и дека турската лира ќе се опорави, доколку државата се потпре на други трговски партнери.

Сепак, и натаму под знак прашалник останува прашањето околу судбината на американскиот пастор и засега нема најави дека една од двете страни би можела да попушти. Од Турција во меѓувреме пристигнуваат и помирливи пораки – министерот за надворешни работи стакна дека Турција сака да има добри односи со САД.

Секако, со ослободувањето на американскиот пастор, Ердоган ќе покаже слабост пред својот народ, но доколку турската валута продолжи да паѓа, можен е целосен колапс на турската економија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг