Единствена Македонија: Министерствата за референдумската кампања ќе потрошат десетици милиони евра

Макфакс

18/08/2018

15:51

1.532

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија изрази вознемиреност од денешната изјава на министерката за одбрана Радмила Шекеринска околу издвојувањата на министерството за кампањата за референдумот на 30 септември.

„Скандалот и вознемиреноста се уште поголеми ако се знае дека сите министерства и другите органи на државаната управа се задолжени да достават информации за средствата што ќе ги одвојат за кампања за референдумот и во услови кога само од едно министерство Шекеринска веќе одвои 1 милион евра, уште сега е јасно дека крајната сума од сите министерства и други државни органи ќе достигне десетици милиони евра народни пари за кампања за референдумот за промена на името и идентитетот на македонскиот народ“, се вели во реакцијата на Единствена Македонија. 

Политичката партија побара одговорност, за како што вели, флагрантното кршење на законите со едностраното буџетско финасирање на референдумската кампања.