ВМРО-ДПМНЕ: Заев удира по државноста на АРМ, војниците немаат пари за превоз

Макфакс

18/08/2018

11:33

792

Големина на фонт

а а а

Заев удира по столбот на државноста АРМ, го менува нејзиното име, а војниците немаат пари ниту за превоз, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по честитката на претседателот на Владата, Зоран Заев по повод Денот на армијата.

„Додека Зоран Заев вели дека бил за НАТО, со ваква криминална власт НАТО е се подалеку. Ова е влада која успеа дури и од пропаднатата прослава за НАТО да пере пари изразено во илјадници евра.

И додека и Шекеринска и Заев сакаат да се сликаат со војниците, во реалноста тие се оставени на цедило и нема пари дури за нивен превоз. Тие од свој џеб си плаќаат за нешто што е обврска на државата. А да не збориме за лошата исхрана на војската додека министерката со државни хилихоптрери се развозува на скапи ручеци“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека премиерот не може да кажува оти ја почитува улогата на АРМ, а со договорот со Грција сака да го промени нејзиното име.