Починал последниот наследник на Никола Тесла

Точка

17/08/2018

19:46

8.378

Големина на фонт

а а а

Најблискиот, досега, жив роднина на Никола Тесла, Вилијам Бил Тербо, починал на 14. август во својата куќа во Њу Џерси, на 89. години, дознава Танјуг од извори блиски на семејство.

Никола Тесла имал брат по име Дане и три сестри, најстарата Милка, Ангелина и најмладата Марица. 

Тербо е внук на постарата сестра на Тесла, Ангелина.

Ангелина се омажила за Никола Трбојевиќ и имале пет деца, три сина и две ќерки. Сите биле факултетски образовани, а четворица биле доктори на науки.

Еден од синовите на Ангелина бил татко на Тербо.

Вилијам Бил Тербо, роден на 10. април 1930. година во Детроит. Бил пронаоѓач, а денешните менувачи во автомобилите се базирани на еден од неговите пронајдоци.

По дипломирањето на универзитет, работел во областа на вселенската и ракетната индустрија во Лос Анџелес, од 1973. година до пензионирањето.

Сопругата Бојана, од Србија, му била и останала голема поддршка, до крајот на животот, посебно во активностите во промовирање на животот и делото на Никола Тесла.

Тербо често учествувал на меѓународни собири посветени на Никола Тесла.




Спонзорирани линкови

Маркетинг