Генерал мајор, Васко Ѓурчиновски денеска со Указ на претседателот, Ѓорге Иванов е назначен за нов началник на Генералштабот на АРМ.
Назначувањето на Ѓурчиновски беше соопштено во рамки на централната прослава за Денот на АРМ, каде присуствува државниот и армискиот врв.
Ѓурчиновски доаѓа на местото на досегашниот началник на ГШ, Методија Величковски, кому му завршува тригодишниот мандат.