СДСМ: Единствено ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат јасен став за клучните прашања

Макфакс

17/08/2018

09:56

660

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште намаат јасен став за клучните прашања од најголем национален интерес за државата и граѓаните, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Оттаму наведуваат дека ова го покажува несериозниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, но и кон државата.

„Сега кога референдумот е извесен и ќе се случи, кога е обезбедено членството во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ немаат став. Или се за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или се за небиднина, назадување, изолација. Ако се за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повикаат членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина“, стои во соопштението на СДСМ.

Во спротивно, велат од партијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат дека лажеле цела деценија и дека всушност се само за одбрана на криминалот, за изолација, назадување и неизвесност.