Држењето на Јанкулоска подолго од 2 до 3 часа во суд е проблематично за здрајвето на бебето, сметаат адвокатите

Макфакс

16/08/2018

17:23

1.791

Големина на фонт

а а а

Aдвокатите кои ги застапуваат некои од обвинетите во предметот „Титаник“ очекуваат да не продолжи праксата што денеска ја соопшти судијата Осман Шабани, повикувајќи се на Судскиот деловник, судењата за овој случај со паузи да траат од 10 до 18 часот.

„Во меѓувреме го видов законот кој го одредува местото каде што ќе се одржува судењето, но ЗКП не го одредува и времето. Сепак, мислам дека тоа нема да продолжи, не знам, ќе видиме“, рече адвокатот Еленко Миланов.

„Ако судот одлучува за неговото работно време, треба да води сметка и за нашето работно време. Кога една од обвинетите е на трудничко боледување, навистина е некоректно да ѝ се одзема повеќе време од времето што би требало да го помине со своето дете на неполни 2 месеца“, вели Миланов.


Адвокатот на Јанкулоска, Петар Василев, по завршувањето на денешното рочиште, изјави дека одржувањето долги рочишта до 18 часот може да се одрази негативно врз здравјето и развојот на бебето на Јанкулоска.

„Држењето на Јанкулоска подолго на судење од 2 до 3 часа на ден е проблематично и за здравјето на детето и по неговиот развој, така што, тој дел ќе треба да се остави на совеста на судиите“, рече Василев.

Адвокатката Сања Алексиќ побара една подолга пауза за Јанкулоска да може да отиде дома и да дои, наместо две од по еден час.

Судењето за „Титаник“ продолжува утре во 10 часот, со репродуцирање на останатите над 1000 бомби во судницата. Рочиште за случајот има закажано и в понеделник.