За 7 од 1 000 бомби во „Титаник”, СЈО побара исклучување на јавноста

Макфакс

16/08/2018

13:55

800

Големина на фонт

а а а

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО побара да бидат отфрлени предлозите на адвокатите на обвинетите во „Титаник“, за доставување записник и барање за примопредавањето на бомбите.

„Обвинетите бараат доказ за да се изведуваат доказите“, рече Стефанова пред судот. Таа потенцираше дека листата на докази со бомбите е влезена во правна сила и за тоа веќе има решенија на Апелациониот суд во Скопје, како и одобрен обвинителен акт. „СЈО е државен орган, а вработените се службени лица и сносат одговорност за нивната работа“, одговори Стефанова на тезата на адвокатите на обвинетите. 

Во седум бомби има приватни разговори и за нив СЈО побара јавноста да биде исклучена откако претходно во судницата ќе бидат пуштени сите бомби.