Граѓаните до 23 август може да проверат дали ги има на Избирачкиот список

Макфакс

16/08/2018

13:53

846

Големина на фонт

а а а

Јавниот увид во Избирачкиот список трае до 23 август. „Мост“ ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет-страницата izbirackispisok.gov.mk.

Од „Мост“ соопштуваат дека како и на сите изборни процеси, граѓаните ќе може да пријавуваат евентуални нерегуларности поврзани со референдумот на бесплатната телефонска линија 080 080 080.