Напорна судска есен за обвинетите од СЈО

Макфакс

16/08/2018

08:52

1.075

Големина на фонт

а а а

Во кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот за изборни измами и злосторничко здружување „Титаник“, во кое е обвинет поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Кирил Божиновски… Со тоа по судската ферија започнува нов циклус судења за обвинетите во предметите на специјалното јавно обвинителство.

Освен денеска, утре и в понеделник треба да се одржат уште 2 рочишта за предметот „Титаник“, а следната среда и четврток почнува судењето за предметот „Тенк“, во издвоена постапка, каде ѝ се суди на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа следната недела треба да се појави во судот во 4 од 5 работни дена. 

В среда продолжува судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Следниот петок треба да почне судењето за масовното прислушување, „Таргет-Тврдина“. 

Во септември, пак, се закажни рочишта за предметите „Тортура“, „Траекторија“, „Тарифа“, „Топлик“, „Тревник“ и „Тотал“.