Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека во текот на денешниот ден поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Чаир, Центар и Сопиште.
Како што посочуваат во соопштението, дел од корисниците од селото Љубин во општина Ѓорче Петров, во периодот од 8.50 до 10.50 часот, ќе останат без електрична енергија.
Понатаму, додаваат дека од 9 до 13 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата Панче Неделковски, зградите од улицата Панче Неделковски, од бр. 47 до бр. 63, улицата Панче Неделковски до црквата „Св. Ѓорѓија“, ОУ „Цветан Димов“, новите зградите наспроти ОУ „Цветан Димов“, што се водат на улицата Серава, зграда бр. 63 б и зграда бр. 85, и потрошувачите од околните објекти во близина на ОУ „Цветан Димов“ во општина Чаир.
Од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улицата Франклин Рузвелт бр. 36, бр. 40, бр. 46 а, бр. 46, бр. 50 и бр. 52, улицата Мајаковски, дел од улицата Ѓоргија Пулевски, улицата Благоја Давковски, а и дел од улицата Црвена Вода во општина Центар.
Од „ЕВН Македонија“ во соопштението наведуваат дека без струја од 9 до 14 часот ќе бидат и корисниците од селото Горно Соње во општина Сопиште, поточно кај месноста Коштан.








