Бројот на жртви од пожарите во Грција зголемен на 96 лица

Макфакс

15/08/2018

20:42

1.260

Големина на фонт

а а а

Билансот на жртви од пожарите кои на 23 јули ја погодија периферијата на Атина се зголеми на 96, по смртта на две повредени лица кои починаа во болница, пренесе „Франс прес“.

Повеќе од 20 лица се уште се хоспитализирани, а дел од нив се наоѓаат во критична состојба, наведуваат болнички извори.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас минатата недела најави реорганизација на националните служби за вонредни ситуации, по пожарите. Локланите медиуми пренесоа дека семејствата на дел од жртвите покренале кривични постапки против државата за небрижност и загрозување на животот на другите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг