Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, прогласи вонредна состојба во регионот околу Џенова, по рушењето на надвозникот на автопатот „А 10“, поради што загинаа 39 лица.
Премиерот на прес-конференција во Џенова рече дека одлуката ја донел по барање на регионалните власти, пренесе „Ројтерс“.
Конте наведе дека операторот на автопатот, компанијата „Аутострада“, била одговорна за обезбедувањето безбедност на мостот и дека владата нема да чека резултат од актуелната истрага за трагедијата и ќе преземе акција.
Надвозникот изненадно се сруши вчера, во ек на силно невреме, поради што десетина возила пропаднаа низ пукнатината, 50 метри под нивото на патот.