Директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, и министерот Оливер Спасовски како негов надреден, мора да одговараат и кривично поради веќе признаената и констатирана злоупотреба на службената должност.
Велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде што додаваат дека политичката одговорност нема никакво значење без понесување правна одговорност.
Оттаму бараат Владата на СДСМ да не се затскрива зад коалициски пазарења, туку да почне да ја практикува правната држава.
„Има директно признание од премиерот Заев дека Велковски е нивен политички кадар, односно партиски член, што е во спротивност со заложбите и обврските за непартизирана полиција“, се наведува во партиското соопштение.