Промоција на првиот албум на македонскиот блуз-рок бенд „The Mole Pack“

Макфакс

15/08/2018

10:03

673

Големина на фонт

а а а

Македонскиот блуз-рок бенд „The Mole Pack“ в недела со почеток во 20 часот во Скопје во кафе барот „Че“ ќе го промовира првиот албум насловен „Gamblin Man”.

Основан од тесно поврзана група на пријатели, „The Mole Pack” е блуз-рок бенд кој има силни влијанија од прогресивната блуз-рок сцена од 1960-тите. Дополнително влијание има од раната Мисисипи делта сцена и блуз сцената во Чикаго. Името на бендот има симболично значење. Кртот е животно кое е скоро слепо. За неговиот недостаток на вид компензира потпирајќи се на своите чувства, инстинкти и интуиција. Преку аналогија, членовите на бендот мислат дека луѓето треба да се обидат повеќе да се потпираат на своите чувства, т.е. да го слушаат своето „внатрешно јас” со цел да го збогатат својот дух, како и да ги задоволат своите интереси и желби без страв од неуспех. Членовите на бендот веруваат дека ова може да им помогне на луѓето да излезат од секојдневната рутина на модерниот живот. 

„Чопорот“ го сочинуваат Димитар Даневски (ритам и водечка гитара), Глигор Гишо Динев (тапани и ударни инструменти), Теодор Бошков (бас гитара) и Александар Ѓорѓиески (водечки вокали и хармоника). Покрај основната постава, има и други членови на чопорот, меѓу кои: Дарко Стојоски (гитара), Златко Андријевски (гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура), и други пријатели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг