Се прочистува Избирачкиот список

Макфакс

15/08/2018

10:00

709

Големина на фонт

а а а

Јавниот увид во Избирачкиот список на запишани гласачи за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември продолжува, притоа, рокот за пријавување трае до 23 август. Граѓаните кои ќе ги проверуваат своите податоци во подрачните одделенија на ДИК треба со себе да носат лична карта или пасош.

Досега, увид во Избирачкиот список, во подрачните одделеленија на ДИК направиле 1.216 граѓани. 

Педесет и девет лица од општините Кисела Вода, Студеничани, Сопиште и Зелениково ќе бидат избришани од Избирачкиот список. Според Државната изборна комисија станува збор за починати лица, за кои изводи од умрените до 13 август до нив доставиле по службена должност од канцеларииѕр на Управата за матична евиденција. 

ДИК има подрачни канцеларии во 18 поголеми општини во земјата, кои ја покриваат целата територија на Македонија. 

Пријави има и од македонски државјани кои се наоѓаат во странство. Пријавени за референдумско изјаснување во амбасадите на Македонија во светот се 742 лица, од кои 11 се одбиени. Доколку решат да дојдат во Македонија и да се изјаснат тука, тогаш иселениците нема потреба да се пријават во овие претставништва или преку апликацијата, нивните имиња се заведени со последната пријавена адреса во Македонија. Гласањето во странство ќе се одржи на 29 септември, еден ден пред денот определен за референдумот, од 7 до 19 часот според временската зона во ДКП. 

Бројот на запишани гласачи во Избирачкиот список кој од денеска па до 23 август е ставен на јавен увид, има вкупно 1.805.707.