Бројот на загинати во несреќата во Италија се зголеми на 35 лица

Макфакс

14/08/2018

19:21

3.876

Големина на фонт

а а а

Бројот на загинати лица при уривањето на надвозникот во Италија се зголеми на 35 лица. Во несреќата која се случи во близина на Џенова, каде надвозник на автопатот А10 се сруши, бројот на загинати и натаму би можел да се зголемува, соопштија италијанските власти.

Меѓу загинатите има и едно дете, а властите стравуваат дека бројката на загинати и натаму може да расте.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини за медиумите изјави дека е ова е страшна трагедија и дека станува збор за „неприфатлив пропуст“, тој исто така им се заблагодари на сите служби кои веднаш реагирале. Салвини додаде дека мора да се пронајдат виновниците за ваквата несреќа, бидејќи како што посочи не е прифатливо да се загубат толку многу животи на ваков начин во 2018 година.

Според италијанските власти голем дел од повредените се наоѓаат во критична состојба.