Ердоган: САД и забија нож во грб на Турција

Макфакс

13/08/2018

15:48

1.097

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Соединетите Американски Држави и забиле нож во грб на Турција.

Претходно, турската централна банка соопшти дека е подготвена да ги преземе сите мерки за да ја осигура финансиската стабилност на земјата, како и ликвидноста на сите банки, откако официјалната валута – лирата, падна на историски најниско ниво во однос на доларот, како и на азиските пазари. 

Од почетокот на годината вредноста на лирата изгуби повеќе од 45 проценти, главно поради загриженоста во врска со влијанието на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, врз економијата, неговото барање за ниски каматни стапки и влошувањето на односите со САД. Дополнително, САД од денеска започна со двојно даночење на челикот и алуминиумот увезени од Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг