Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи рече дека ќе има две нивоа на кампања за референдумот и истата ќе биде информативна, а не пропагандистичка. Во кампањата ќе бидат вклучени паритиите заедно со коалиционите партнери.
„Незнаењето на точните информации од договорот е најголемиот проблем. Ќе им се укаже на граѓаните кои се позитивните, а кои негативни делови од договорот. И денешниот настан го искористивме за да испрстиме порака за иднината, а не да се враќаме на минатото“, вели Османи за време на прославата за Рамковниот договор.
Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски кој е потписник на Рамковниот договор не пристигнал на прославата бидејќи не бил тука, а ист е случајот и со екс-премиерот и претседател, Бранко Црвенковски.