Премиерот Зоран Заев на прославата за Рамковниот договор се осврна само на референдумот велејќи дека тој ќе донесе благосостојба во Македонија. Заев рече дека Македонија им покажала на сите оти грешат кога велат дека Грција е непријател на нашата земја.
Премиерот повтори што се добива со договорот со Грција.
„Грбот, јазикот, знамето и химната остануваат исти. Идентитетот ни го негираа, сега е прифатен. Со членството во ЕУ и НАТО ни се гарантира стабилноста“, рече Заев.
За една година, Македонија, од земја скарана со сите, стана пријателска држава, вели Заев, според кого, по доаѓањето на новата власт, се унапредиле меѓусоседските односи.
„Се потврди старата поговорка – договор куќа гради“, додаде Заев.