Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец, додека попладне во западните планински предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи, велат синоптичарите.
Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 8.
Во текот на утрешниот ден, како што посочуваат од УХМР, времето во попладневните часови и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилното време ќе се задржи и во следните неколку дена, односно во среда и четврток времето ќе биде нестабилно на повеќе места, а преодно стабилизирање, според синоптичарите се очекува во петок и сабота.