За гласање на референдумот досега се пријавиле 251 граѓани од дијаспората

Макфакс

11/08/2018

12:25

1.578

Големина на фонт

а а а

Заклучно со денеска до 12 часот, преку веб-апликација до Државната изборна комисија доставени се вкупно 251 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Како што информираат од ДИК, од нив, 127 пријави се прифатени, а 124 се во обработка.

Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена – по 21, во Љубљана – 18, во Торонто – 18, Канбера – 15 итн.

Од ДИК информираат дека податоците од јавниот увид во избирачкиот список ќе ги објават во понеделник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг