Куртоа неславно се прости со фановите на Челси, па мораше…

Дерби

09/08/2018

12:56

1.088

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид конечно си подаде рака со Челси за трансферот на одличниот белгиски голман Тибо Куртоа кој откако ќе ги мине задолжителните медицински прегледи ќе стави потпис на шестгодишен договор.

Со ова ќе се исполни желбата на Тибо кој сакаше да си замине од Челси и од Англија, односно да се пресели во Мадрид за да биде поблиску до неговите деца.

Куртоа како што доликува на голем играч, реши да се збогува со своите фанови, кои го бодреа додека играше во дресот на Челси и на социјалните мрежи објави „збогувачко” писмо во кое им се заблагодари за сите заеднички поминати моменти.

Но, сепак тоа писмо помина неславно поради фановите кои му се „истурија” па мораше веднаш да реагира и да го тргне од социјалните мрежи, но, сепак беше уловен од страна на новинарите, за овој потег.




Спонзорирани линкови

Маркетинг