Сончево и топло време со температури над 30 степени

Макфакс

08/08/2018

09:54

855

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала доумерена облачност попладне и особено на југот од земјата, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.

Минималната температура ќе достигне од 11 до 20, а максималната од 30 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб североисточен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 18 до 34 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во четврток особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи повеќе во јужните и западните делови од земјата, а зголемена облачност ќе остане и во ноќта кон петок. За време на викендот ќе се задржи стабилно и топло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг