Куртоа го нема на тренинзите, Челси конечно најде негова замена

Дерби

07/08/2018

15:01

1.477

Големина на фонт

а а а

Прашање на денови е кога Тибо Куртоа и официјално ќе го напушти Челси за да се врати во Мадрид, но овој пат не во „својот“ Атлетико туку во лутиот градски ривал, Реал.

Белгискиот интернационалец не се појавил на тренингот на Челси во текот на вчерашниот ден кога пристигнале играчите кои беа на самата завршница на Светското првенство во Русија. Тоа е јасен показател дека Куртоа сака да си замине од клубот и дека е пред трансфер во Реал Мадрид вреден 32 милиони фунти.

„Скај Спортс“ претходно објави дека од Челси немаат намера да го пуштат голманот се додека не најдат негова адекватна замена, а сега медиумот пишува дека „сините“ конечно нашле голман кој ќе биде прв избор на „Стемфорд Бриџ“ следната сезона.

Се работи за голманот на Стоук и репрезентативец на Англија, Џек Батленд за кого Челси ќе плати 30 милиони фунти.

Трансферот треба да се реализира во следните два дена затоа што трансфер периодот во Англија за носење играчи завршува на 9. август.



Спонзорирани линкови

Маркетинг