Единствена Македонија силно го осудува наменското инволивирање во референдумот на актуелни и поранешни функционери собрани во т.н. група „Охрид“, Џорџ Робертсон, Хавиер Солана, Карл Билд, Росен Плевнелиев, Ален Ле Роа, Волфанг Ишингер, Кристофер Гајд, Роберт Гелбард, Дајмонд Вилсон и Зоран Чичак, кои со заканувачка покана „сега или никогаш“ повикаа народот да гласа „ЗА“ на референдумот за промена на името и идентитетот на македонскиот народ.
„Залуден е обидот на овие белосветски битанги кои на еден или друг начин се поврзани со рушењето на Македонија и Македонците, посебно преку капитулантскиот рамковен договор од 2001 кој сè уште е длабоко трауматичен за македонската национална свест.Марионетската власт во Скопје е во целосен очај и паника од масовното препознавање кај македонскиот народ и поголем дел од граѓаните да бојкотираат и да не излегуваат на референдумот на 30 септември.
Марионетата Заев бадијала веќе поканил и други лидери од државитечленки на антимакедонските организации НАТО и ЕУ да дојдат во Македонија и да го убедуваат македонскиот народ да се самоукине и избрише од светската мапа на нации. Странската пропаганда на странските газди на Заев нема да му помогне, процесот е тргнат и ништо повеќе не може да ги сопре Македонците единствени и сплотени да не излезат и да го бојкотираат референдумот со што ќе gi одбранат името и идентитетот на македонскиот народ”, се вели во соопштението на Единствена Македонија.